logo

# Сатира

ВО УЧИЛИШТАТА ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ НОВ ПРЕДМЕД - "ТРЕБАЛ И ЕТИКА"

насловна слика

Министерството за образование најавува нови промени во програмата за сите основни училишта! Според првичните информации, новата програма ќе започне со почетокот на следната учебна година, што значи дека 1 септември основците ширум државата ќе имаат по три лекции неделно од предметот "Требал и Етика"

 

"Сакаме да ги учиме младите на добри вредности. Сакаме да создадеме граѓани на иднината кои ќе помогнат на државава и планетата. Затоа од следната учебна година ќе се воведе предмет "Требал и етика"." - изјави министерот за образование.

 

Екипата на Кооперација запраша што е тоа "требал", а го добивме следниот одговор:

 

"Планиравме да воведеме предмет "Морал и етика", ама потоа сфативме дека во животот не мора ништо освен да се умре. Така да нема причина уште од мали години да ги учиме децата на морал. Зошто да мора? Кој да мора? Во 2022 уште да се мора? Ма ајде ви се молам! Затоа... требал. Како морал... ама не е задолжително. Ако сакаш - добро. Ако не сакаш... пак добро. Веруваме дека предметот "Требал и етика" ќе биде хит во светот и наскоро и други земји ќе ни ја позајмат идејата!"

Коментари


Остави коментар