logo

# Сатира

Во учебниците ќе се учи дека САД ги победиле Талибанците!

насловна слика

Не е се така црно за армијата на САД! Можеби тие ја изгубија битката во Авганистан, но сепак тие ќе останат запишани како победници во македонските учебници!

 

Ова, денеска на прес на министерството за вообразение го потврди министерката Мила Царовска.

 

"САД се наш стратешки партнер. Срамота е да се збори лошо за нив во учебниците. Цело време ни помагаат Американците... а што направиле од Авганистан за нас? Ништо??? Е па нема да пишуваме за нивните успеси во учебниците! Баш напротив! Во учебниците ќе пишува дека САД храбро се бореле против колонизаторите талибанци!" - изјави Мила Царовска.

 

Ја прашавме дали смета дека е паметен потег во учебниците по Историја да има невистини, а таа ни одговори:

 

"Што? Историја? Не бе, дечко, каков предмет Историја? Нема да постои тоа. Ова во учебниците по Математика ќе биде. Врска немаш, вака и во Финска праат. Ваљда. Ајде, се брзам, ќе праиме муабет друг пат."

Коментари


Остави коментар