logo

# Сатира

Во телевизијата на владиката Петар ќе работат и жени: По божја волја, тие ќе водат емисии за готвење

насловна слика

Хајката која деновиве се води против владиката Петар, кој инаку важи за еден од најпопуларните, најчесните и пред се’, најпреземачки настроените свештени лица во МПЦ, доживеа пресврт откако владиката наместо демант на обвинувањата за женомрзење, испрати отворен оглас за вработување на водителки за кулинарски емисии на својата нова телевизија.

 

Во него, владиката Петар како газда и главен и одговорен уредник на телевизијата, ги повикува сите жени кои имаат желба да готват пред камера, а потоа да чистат зад камера, да се пријават на огласот и да покажат што знаат.

 

- Кога се сака не е тешко да се спои модерното со традиционалното. Вака жените и ќе го работат тоа за што се создадени, и ќе бидат независни. Се разбира ова не значи дека не се распуштеници кои го оставаат својот дом на милост и немилост, ама што е тука е. – ни рече владиката Петар.

 

Како што дополни тој, на огласот ќе можат да се пријават сите крстени припаднички на понежниот пол, под услов да знаат да готват, а од сите нив среќата да бидат дел од ПОП ТВ, ќе ја имаат само четири среќнички.

Коментари


Остави коментар