logo

# Сатира

ВО СПРОТИВНО ЌЕ МУ БЕШЕ ЗАБРАНЕТ НАСТАП НА ЕВРОВИЗИЈА - Васил Гавранлиев е хетеросексуалец!!!

насловна слика

Нов пресврт во овогодинешниот настап на Македонија на Евровизија! Имено, десетина дена откако тој објави дека е хомосексуалец и дека како таков се чувствувал и идентификувал уште од своите тинејџерски години -

 

Васил Гавранлиев сепак е хетеросексуалец!

 

Имено, Евровизија решила да му забрани настап на Евровизија освен ако тој не се идентификува како хетеросексуалец.

 

"Ние од Евровизија сметаме дека секој има право да се идентификува како сака. Затоа, доколку Васил Гавранлиев сака да влезе во нашето натпреварување тој мора својот идентитет да го смени, бидејќи има луѓе на кои им смета неговата сексуална ориентација." - се вели во соопштението на Евровизија.

 

"Не сфаќам. Ако секој има право да се идентификува како сака... зошто мора мене да ме пишат дека сум хетеросексуалец? Јас знам што сум и кој сум. Не сфаќам зошто не ми дозволуваат да настапувам на Евровизија како што сум??? Ова ми нема никаква логика." - изјави Васил Гавранлиев, кој продлжи:

 

"И како капак на се, ме прашаа. Ме прашаа дали сакам да настапувам на Евровизија ама да мора да пишува дека сум хетеросексуалец. Јас не сум. Одбив.

 

Арно ама, дошол некој хомофоб и тој во мое име решил да ме пише како хетеросексуалец.



А нема моја дозвола за нешто такво. Тоа што тој таму ме запишал како хетеросексуалец нема да го смени фактот дека јас сум горд на мојата сексуална ориентација. Не сфаќам. Зошто Евровизија не ми дозволи да настапам таков каков што сум? Ма кој ги врти, ќе си испеам гордо, нека пишува што сака. Јас сум тоа што сум и гајле ми е што друг човек пишал во мое име. Тој нема дозвола за нешто такво!"

 

Од организацијата на Евровизија се упатија огромни пофалби спрема Васил Гавранлиев што тој реши (иако не реши) да се запише како хетеросексуалец и како хетеросексуалец, можеби, еден ден, во некоја од полуфиналните вечери тој да настапува на Евровизија. Можеби.

 

Со свој став за целава оваа ситацуија се јави и нашиот премиер.

 

"Одличен потег! Секогаш знаев дека сите проблеми вака се решаваат! Демократски! За пофалба!!!" - изјави Зоран Заев.

 

Коментари

Ch1LvmP8ceyTJxjHnfEPp2KSYM783ECkLdZkCGHa

Мож сеа ќе го земе на Оф роуд тура, а се шушка и за советничко место.... не е дечкото по пркосот, одма се глеа.....


Остави коментар