logo

# Сатира

Во предизборен занес: Службите асфалтирале приватен двор, заедно со бавчата

насловна слика

Притисокот на кој се изложени работниците во јавните претпријатија, кои на само неколку недели пред локалните избори мораат да стигнат секаде за да ја замаскираат мрзливоста на градоначалниците, си има своја цена.

 

Така, во една од македонските општини, на улицата што сакаше да остане анонимна и за себе рече дека завршува со ќорсокак кој продолжува во приватен двор, општинските служби понесени од атмосферата, го асфалтирале целиот двор, а воедно фатиле и дел од малата бавчичка, во која биле посадени пиперки и домати.

 

Сопствениците на имотот што бил асфалтиран против нивна волја, веднаш реагирале до општината со намера да вложат жалба за стореното, но таму добиле само фактура за асфалтираниот двор и рок за плаќање од две недели.

Коментари

h8XsgdDJLJwyoeYfOvfN8wrSDbh0U37drRljuqc6

Abe kaj mene treba dvorot da se betonira. Kade da Ve najdam😂😂😂a dvorot d


Остави коментар