Вонредни вести од Владата!
Најновите санкции на нашата земја кон Русија ќе бидат навистина сериозни!
Имено, владата ќе ги протера сите членови на ЛЕВИЦА од државава. Портпаролот на Владата вели дека би избркале дипломати од Русија, ама бидејќи повеќето беа избркани уште пред некое време не им останува ништо друго освен да ја направат најблиската алтернатива - бркање на членови од ЛЕВИЦА.
"Криво ми е што не ги избркавме Русите порано. Да знаевме дека ќе биде полошо ќе ги задржевме само за да може сега да ги претераме. Тоа е, памет за друг пат, од грешките се учи." - изјави портпаролот на Владата.