Во отсуство на Фејсбук и Инстаграм, илјадници граѓани беа пратени од страна на своите шефови да шират платена политичка пропаганда по улиците во Македонија.
Овие жители на цел глас се дереа "НАЈДОБРОТО ЗА ВАШАТА ОПШТИНА!", "СПОНЗОРИРАН ПОСТ!", "ЗА НАШАТА ПАРТИЈА!", "НАШИОТ КАНДИДАТ!" "ГЛАСАЈТЕ! ЗА НАС!" и слични слогани со цел да ги убедат граѓаните да гласаат за партијата на која што тие се членови.
"Не е лесно, ама сме дале пари за фејсбук и инстаграм реклами. Мора тие да бидат искористени некако. Ако немате вие Фејсбук, тогаш ние ќе го донесеме фејсбукот кај вас. Мислевте дека се спасивте, а???" - вели еден од ПР агентите на една од нашите партии.