logo

# Сатира

ВО ОБИД ДА СЕ МОТИВИРААТ ГРАЃАНИТЕ - Секој што нема да се вакцинира ќе прекине да добива 30.000 денари минимална плата

насловна слика

Познатиот доктор, министер, партиски член и симпатија на Лиде Лиде - со нова кампања за да ги мотивира граѓаните да се вакцинираат!

 

"Видов дека парична мотивација функционира кај нашиот сосед Србија. Затоа, ќе го направам истото и во нашава земја. Секој што ќе одбие да се вакцинира ќе прекине да ја добива минималната плата од 30 илјади денари која ја обезбедивме пред неколку години. Ако не се вакцинирате ќе добивате по 250 евра преку сила. Затоа, бидете паметни. Сакате да продолжите со минималецот од 500 евра или ќе одбиете да се вакцинирате?" - објави Филипче.

 

Кога пробавме да му објасниме дека минималната плата не е 30.000 денари, тој ни кажа "Луѓе, ве молам. Да го баталиме минатото" по што се сврте и замина.

Коментари


Остави коментар