logo

# Сатира

ВО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ: Владата го испраќа Бучковски да го реши спорот на Косово

насловна слика

По неверојатниот успех како специјален преговарач во спорот со Бугарија, Владо Бучковски стои исправен пред нов, уште поголем предизвик, од чиј исход ќе зависи нашата, но и судбината на сите останати држави во регионот.

 

Имено, токму тој ќе биде новиот специјален преговарач за Косово и уште на самиот почеток на неговата мисија е под екстремно голем притисок, затоа што Србите и Албанците таму се добро запознаени со неговата работа и го сметаат за последна искра надеж за мир. 

 

Покрај обичниот човек, Бучковски со своите вештини ја освои и меѓународната заедница, поточно ООН, НАТО и ЕУ, кои едногласно го поздравија неговиот ангажман и се заблагодарија на старите тенковски делови што тој им ги испратил во знак на благодарност за поддршката.

Коментари

kjLObdgbNZJZDlhRXSnIPScddnIikuAwq8lTlwMm

Му било ветено ако го реши косовскиот јазол ќе го пратат во ООН место Фрле.

EOCd1fpc7Y2wFhCwHrmmYPjuJ76YJ5Bf1HGx8ZXD

Бучко Миротворец…хахахаха…ја среди со Бугариве, сега Косово, следна дестинација Сирија… хахаха. И оп уште еден нобеловец


Остави коментар