logo

# Сатира

Во карантин со стил: Брашно тип 400 од Елена Лука

насловна слика
Општествено одговорните компании продолжуваат со борбата против коронавирусот на свој, уникатен начин! Така, по бредираните маски кои им овозможија на граѓаните да се заштитат од коронавирусот со стил, Лука со нов производ во чекор со епидемиските трендови – брашно тип 400 за сите модно освестени луѓе. Брашното ќе се продава по цена од само 999 денари за килограм, а со секое пакување добивате подарок книги со модни совети, како бестселерите: „Најдобрите модни комбинации за живот во карантин“ и „Секој вирус има своја боја: Избери ја вистинската!“. Затоа, не чекајте! Нарачајте и трк во карантин до крај на животот!

Коментари


Остави коментар