logo

# Сатира

ВО ЧЕСТ НА МИЈАЛКОВ: На иницијатива на Цивил ѕвездите ќе ја препеат Freedom од Џорџ Мајкл

насловна слика

Неколку дена откако ги обедини естрадните ѕвезди со препевот на легендарната „Insieme“, која беше споделена на профилите на сите поголеми политички партии, (не)владината Цивил со нова иницијатива платена од ЕУ фондовите, ја поздрави одлуката за укинување на пресудите против Мијалков и во негова чест ги откупи правата за песната „Freedom“ од Џорџ Мајкл.

 

Во склоп на кампањата, Цивил ги повика сите неправедно осудени граѓани, кои немаат 30 милиони евра за укинување на пресудите, да ја споделат песната на својот профил и со тоа да му дадат поддршка на човекот кој со месеци ја делеше нивната судбина.

 

Според првичните информации, во изведбата на песната ќе учествуваат 30 артисти, по еден за секој милион кој господинот Мијалков го исплати на државата за да докаже дека е неправедно осуден за делата кои му се ставаат на товар.

Коментари


Остави коментар