logo

# Сатира

ВО БРИСЕЛ: Заев ги замени добиените датуми за членство и освои сет тенџериња

насловна слика

Премиерот Зоран Заев е среќниот добитник на сет тенџериња во големата наградна игра со име „Датум за тенџериња“, чиј организатор е Европската Унија (ЕУ).

 

Како што дознаваме, Заев убедливо ги победил другите земји кандидати за членство во ЕУ и со 8 собрани датуми за нецели 3 години, поставил нов рекорд во лажење, кој тешко дека ќе биде срушен во догледно време.

 

На свечената церемонија по повод доделувањето на вредните награди, нашиот премиер во присуство на голем број високи гости, некои и над 2 метри, се заблагодари до граѓаните на Нашата земја за нивната наивност и лековерност и вети дека нема да застане тука, туку ќе продолжи и да собира датуми сѐ додека го гласаат.

Коментари

LvgbYK8rpBWVgFEBitSP2oqKOD5FixyFOdGQHtKo

Како е тргнал, че аплицира и за главната премија, чумбе на дрва Кралица печи соси чумкови... со доплата, разбира се...


Остави коментар