logo

# Сатира

ВМРОВЕЦ ВИЗИОНЕР ЌЕ ГЛАСА ЗА КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ!!!

насловна слика

Вести од областа на предвидувањето на иднината и визонерството!

 

Фан на ВМРО-ДПМНЕ гордо и недвосмислено кажа дека на следните локални избори ќе гласа за кандидатите на СДСМ!

 

Според него, ова е вистински визонерски потег и дури за 4-5 години другите ќе ја сфатат неговата генијалност!

 

"Сакам да сум чекор пред времето. Сакав да гласам за ВМРО, ама после ми текна... ќе гласам за СДСМ, бидејќи не се сите исти! Ќе гласам сега за СДСМ, а потоа на следните локални избори кога истиот човек ќе биде кандидат на ДПМНЕ... сите ќе ме фалат дека сум бил визионер што отсекогаш го поддржувал кандидатот на ВМРО дури и кога другите вмровци не го правеле тоа! Затоа, со овој потег верувам дека ќе бидам прв вмровец што ќе го поддржи кандидатот на ВМРО за градоначалник во 2025!" - изјави визонерот од ДПМНЕ.

 

Со слично мислење е и неговиот пријател, визионер од СДСМ, кој планира на овие избори да гласа за кандидатите на ДПМНЕ за уште од сега да биде чекор пред останатите колеги од СДСМ кои дури на следните локални избори ќе ги поддржат сегашните кандидати на ДПМНЕ.

Коментари


Остави коментар