ВМРО-ДПМНЕ го откри планот со кој планира да дојде на власт.
Денеска, на прес за медиумите, Христијан Мицкоски гордо изјави дека е убеден во тоа дека го има клучот што ќе донесе победа. Откако тие влегоа во коалиција со Алијанса на Албанците, тие планираат да влезат во коалиција со СДСМ и ДУИ со цел да дојдат до победа!
"КРИМИНАЛНАТА ВЛАСТ НА СДСМ ЌЕ ПАДНЕ! НИЕ И НАШАТА КОАЛИЦИЈА ЌЕ ПОБЕДИМЕ!" - со овие зборови го започна својот говор господинот Мицкоски пред да продолжи:
"Веруваме дека народот е паметен. Народот знае дека не се сите исти. Има разлика, како што велевме порано! Затоа, веруваме дека влез во коалиција со СДСМ и ДУИ еднаш и засекогаш ќе однесе победа на државава!!! Веруваме дека сега, со ова обединување навистина ќе докажеме дека сме сериозни во нашите намери! Да живее државата! Заедно ќе победиме! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Алијанса на Албанците! Да живее ДУИ! Да живее СДСМ! Одиме напред!"
Првично, симпатизерите на СДСМ и ДПМНЕ делуваат ептен задоволно од оваа идеја.
"А бе.. добро... ја порано јадев гомна против овие ама... шо бе? Шо им фали? Ајде да гледаме напред, не можеме да имаме прогрес ако само ги гледаме негативните работи. До кога ќе дозволуваме омразата да не прекине од прогресот? Еве, и Грујо нека стане премиер пак. Шо да не? Мора да се батали омразата од порано! Ова е ок идеја. Сега ќе тргнам да бришам твитови. Ајде, се брзам, чао!" - изјави Микица Пешевски, 26 годишен граѓанин, поранешен член на Шарената Револуција, објективен граѓанин вработен во владата на СДСМ.
"А бе види... Заев е човек од народот. Знае како е да се мачиш. Исто како мене и како тебе е. Работел на нива, бегал од часови, едвај двојки дали вадел... знае како е да си обичен човек. Знае да подаде рака, да те насмее, да биде тука за тебе. Што му фали? Ок, добро, сум го вреѓал порано, ама ок сеа, никој не е совршен па ни Заев. Ама баш тоа што не е совршен го прави совршен, ако ме сфаќаш? Добар дечко е, што да не, мислам дека е време да се каже збогум на поделбите. Ако Заев е добар за Крсто, Бети и Љубчо.. добар е и за мене!" - изјави Бране Мијаловски, 44 годишен граѓанин од Драчево, моментално невработен, а порано, во владеењето на ДПМНЕ вработен како полицаец.