На состанокот на ВМРО долго се дискутираше и брејнстормираше на тема клетви кон предавниците. Кружеа разни склопови на реченици, прорекувања и клетви од различен вид, но тесен беше изборот помеѓу двата фаворити:
- Да би те Жан Митрев отворил!
- Да би те Жан Митрев хемофилтрирал три пати, а!
- Да цркнете!
И покрај направената пауза за кафе и цигари, сепак не можеа да се решат, но на крајот направија синтеза од овие звучни и актуелни клетви, по кои се дојде до следново:
Да би Жан Митрев да ве отворил па хемофилтрирал три пати по три, предавници!
Клетвите ќе бидат изнесени во собранието и надвор од него.