logo

# Сатира

ВМРО ОБВИНУВА: Наместо против комарци авионите прскаат за да ни го избришат помнењето!

насловна слика

Иако во јавноста се проширија одредени шпекулации дека апетитот на министерот за правда Бојан Маричиќ драстично е нарушен поради прскањето против комарци, ВМРО ДПМНЕ смета дека тоа е уште една од невистините на владата со цел да ја сокрие вистината од граѓаните и уште еднаш бескурпулозно да си поигра со нивната доверба.

„Бидејќи масовно се прска против комарци пред почетокот на есента, граѓаните имаат право да бидат збунети. И јас сум збунет и мислам дека сѐ се должи на супстанцата која ја прскаат. Сметаме дека оваа прскање не е всушност против комарците, туку е на штета на мозочните ќелии во кои се содржи зборот оставка. Имено, имаме причини да се сомневаме дека со помош на испуштените хемикалии зборот оставка и неговото значење ќе бидат избишани од нашиот мозок и за многу бргу ќе биде излезен од употреба, а неговото значење засекогаш изгубено! Јас, моите сопартијци и коалиционерите дури и стравуваме дека процентот на замајување ја надминува и онаа граница на 102,5 %.“  - рече видно збунетиот Мицковски и продолжи да си го пишува зборот оставка во својата тетратка со цел да не го заборави...

Коментари

zckGERUXCIX1xTp8mI5qvyTGZST1v9xXdQe7rvuw

изгледа често не прскаат со супстанцава..... од нас е излезен оној слоган: секое чудо за три дена


Остави коментар