Конечно! Неколку денови откако Зоран Заев ја најави својата најава за свое најавување на оставка со свое соопштение се појави и ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека тие не се против Заев, не бараат предвремени избори и нема да го сменат Заев како премиер бидејќи како што тие велат "Премиерот Заев е готова, завршена и реална работа."
"Многу луѓе не' прашуваат што мислиме за Заев и дали ќе пробаме да го смениме. Нема да го смениме. Зошто да го смениме? Победи на избори и стана премиер. Тоа е легална и завршена работа. Заев како премиер е реална работа. Нема потреба да си дава оставка, таму во документите си пишува црно на бело до кога му е мандатот. Тоа е. Што да правиме. Завршена, реална и готова работа е се тоа. Заев е премиер. Ајде да не се замараме за работи што се готови и завршени туку да гледаме напред кон нови проекти." - изјави Христијан Мицкоски на прес на партијата.