logo

# Сатира

ВМРО: Каде е премиерот Заев и кој е овој ќелавиов што се појавува на ТВ цело време?

насловна слика

Една од најголемите 15 опозициски партии во државава делува збунето!

 

Имено, на прес на ВМРО-ДПМНЕ, партијата забележа дека се поретко на телевизија го гледаат Зоран Заев, а се почесто гледаат "некој ќелав човек" кој се однесува како да е некој си битен лик.

 

"Не ни е јасно. Каде го снема премиерот Зоран Заев? Срамота е да го нема во овие тешки денови! Зошто не се појавува со ставови? Со мислења? Со помош? Било што! И побогу кој е овој ќелавиот што цело време се појавува на ТВ? Од Левица да не е тој Крмовски Борче или како и да се викаше? Порано се знаеше бе, еден ќелав чоек имаше и тоа е Стојан Андов, сега милион ги има, човек не може да се снајде. Под итно да се појави Зоран Заев на телевизија или ќе бараме да биде смент како премиер!" - изјави портпаролот на партијата.

 

Не сме јасни колку доцни ВМРО-ДПМНЕ со сфаќање на ситуацијата во државата и се надеваме дека наскоро ќе сфатат што навистина се случува.

 

 

Коментари


Остави коментар