ВМРО-ДПМНЕ продолжува со дневни прес-конференции.
Денеска тие се побунија за Српската преставничка на Евровизија, а од партијата велат дека народот е навистина бесен поради ова и тоа само потврдува дека луѓето сакаат да падне СДСМ од власт.
Што и да значи тоа.
"Мислевте дека ќе ви помине, а? НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ! Дознавме! Фатиме Фетаи ќе ја преставува Србија на Евровизија. Како не и е срам! Нели требаше со СЈО нешто да работи? Зошто странски земји преставува? Зошто да не пее за Македонија? И зошто користи алијас? Што и фали на вистинското име? Премногу прашања. Премалку одговори. СДСМ има многу да одговара. Еден ден. Кога ќе дојдеме на власт. А до тогаш... се ближи жешка пролет и многу протести. Следете не' така, наскоро ќе објавиме повеќе информации!" - изјави еден видно нервозен член на партијата кој го напушти пресот без да дозволи прашања од страна на новинарите.
А богами имавме неколку прашања.