logo

# Сатира

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донира терасата за да ја помогне економијата

насловна слика
Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, ја повика општина Центар да ја отстрани терасата од нејзиното седиште и да ја продаде на аукција, како би се собрале што повеќе средства за да ја задржиме економијата на нозе во овие тешки времиња. Со ова тие покажаа дека се’ уште се партија на народот, од народот и за народот и најавија дека нема да застанат тука, туку ќе продолжат да го донираат сето она што во 11 годиншното владеење, макотрпно го ̶к̶граделе. Така, покрај терасата тие се спремни да отстапат дури 30% од целата зграда за национализација, поточно третината што му припаѓа на фирмата Бетон, која на свој трошок ја изгради зградата, а потоа како што е ред, повеќе од две третини ѝ подари на партијата на власт.

Коментари


Остави коментар