logo

# Сатира

ВМРО-ДПМНЕ: ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ НА МАСОВНИ ПРОТЕСТИ АКО ПУТИН ПРОДОЛЖИ ВАКА!

насловна слика

Најголемата опозициска партија во нашата земја продолжува да докажува дека нема да молчи пред неправдите! 

 

Партијата најавува сериозни, масовни, жешки, изгор, пекол, огромни, народни македонски протести, а тие ќе се случат ширум улиците на нашата земја доколку Путин продолжи да се однесува вака со Украина.

 

"ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ОБЕДИНИ! ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ НА УЛИЦИ И ВО МАСОВНА БРОЈКА ОД БАРЕМ ПЕДЕСЕТИНА ЛУЃЕ ЌЕ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ СЕРИОЗНИ ВО НАШИТЕ НАМЕРИ!" - започна емотивниот говор на Христијан Мицкоски пред присутните, а на прашањето зошто само 50 луѓе - Мицкоски одговори "Aм то е, немат лујџе. Толку ме следат. Не можам повеќе луѓе да соберам."

 

Потоа, емотивниот говор на Мицкоски продолжи со објаснување на идеологијата на партијата и дека тие нема да седат со скрстени раце додека Русија ја граби историјата на соседна Украина.

 

"И за крај. Да повторам. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се во своја моќ да се бори на страна на правдата! Го почитуваме суверенитетот на државата и нема да дозволиме земја со историја на меѓународни проблеми да се меша во независноста, суверенитетот и уставноста на нивниот сосед. Такво однесување мора да се пресече во корен!!! Ви благодарам што ме ислушавте, а сега ќе одам да ја преставувам Република Северна Македонија на средба со неколку историчари од соседна Бугарија, ќе треба да разговараме зошто е добро да се пише дека нашата земја била на страна на фашистите во Втората светска војна." - заврши говорот на Мицкоски.

 

 

Коментари

ynM8OSgUbe2HssVGtbzwG6yVbNutYusMXuqARjUu

Naj pametno e da se ne mesate proti rusia da ne bidi bumerang posle ne ne pikajte vo.vona i nas


Остави коментар