Нов ден - нови напади на опозицијата кон власта на СДСМ!
Денеска, на прес на ВМРО-ДПМНЕ партијата соопшти дека бараат сериозни промени во државата и дека им е преку глава од - како што велат тие "режимот на Ковачевски"
"Срамота е ова! РЕЖИМОТ МОРА ДА ПАДНЕ! ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ ВО ДРЖАВАВА Е ОЧАЈНА СИТУАЦИЈАТА! КАКО НЕ МУ Е СРАМ НА ОВОЈ КОВАЧЕВСКИ! ОДМА ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА!!!" - изјави еден видно возбуден член на ВМРО-ДПМНЕ на пресот за медиуми.
Еден од присутните новинари проба да објасни дека господинот Ковачевски не е премиер ни 15 денови, а уште поомалце 15 години и дека впрочем ВМРО-ДПМНЕ беше партијата што беше на власт пред 15 години, но членот на ВМРО-ДПМНЕ изјави:
"Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред." - по што се сврте и замина.