logo

# Сатира

Влатко Ѓорчев се повлекува од политиката за да се концентрира на неговата вистинска пасија - правење деца!

насловна слика

Молк, тага, жал и неверување. Ова се емоциите кои владеат низ целата република откако народот дозна дека нивниот омилен читач на села во државата планира да се пензионира од политиката.

 

Целта за неговото повлекување, како што вели тој - е бидејќи сака да се концентрира на неговото вистинско хоби. Правењето на деца.

 

"Видете, некои луѓе цртаат. Некои пеат. Некои планинарат. Јас за жал немам ептен пасии. Сакам да правам деца. Тоа е напорна и тешка работа, особено сега, на постари години. Не верувајте на тие што велат дека се пензионирам за да работам во приватниот сектор. Тоа само така им реков дека ова нема да се случува јавно, туку дома, на топло. Немам време со стресот во политиката да се концентрирам на мојата пасија во последно време па затоа морав да решам - полтика или правење деца? Изборот падна на второто, па сега морам да се повлечам од политиката." - вели Ѓорчев.

Коментари


Остави коментар