Конечно! Премиерот Ковачевски излезе со став за аудио снимката во која се слуша Талат Џафери како со викање им се обраќа на пратениците!
Според него, најверојатно снимката не е легитимна туку е "сечена, лепена и монтирана" од страна на опозицијата која со лажни снимки пробува да ја разниша владата.
"Не ми се верува да е легитимна снимката. Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ стигнале до снимката преку странски служби, па потоа со помош на сечње, лепење и монтирање ја пуштиле во јавност за да ја разнишаат јавноста. Опасна партија е ВМРО-ДПМНЕ и не смееме да дозволиме да се врати на власт. Можеби не паметат повеќето, но тие беа пред неколку години на власт и се служеа со премногу валкани трикови. На пример, им извадивме снимки каде што јасно се слуша пуцење и недолично однесување, а тие тврдеа дека тие снимки се добиени од странски служби и се пуштени во јавност после сечење, лепење и монтирање. Цела среќа народот сфати дека не се сите партии исти па гласаа за нас. Нели, и тие избори ги изгубивме, ама нема везе. Муабетот ми е... не сме исти. Ги знаеме нивните финти. Ова е очигледно лепено, сечено и монтирано." - изјави Ковачевски.