logo

# Сатира

Владиката Петар одбил да погреба мртовец оти не бил вакциниран со две дози

насловна слика

Скандал на градските гробишта во Битола се случи денес, околу 12 часот, кога владиката Петар побарал сертификат за примена вакцина од мртовецот кој требало да го погреба и откако, поради оправдани причини, не го добил, одбил да го спроведе погребот. 

 

- Разговарав со семејството и тие ми потврдија дека починатиот е антиваксер, по што ги советував да најдат начин и да го вакцинираат посмртно. Ги упатив да побараат од вакцините што ни ги донираше Бугарија, зошто и така им истекува рокот за неколку и им гарантирав дека нема да му ја влошат состојбата. Сега останува на нив дали ќе ме послушаат. - рече владиката во разговор за Кооперација. 

 

Тој испрати апел до сите скоро починати да ја почитуваат христијанската традиција и да не дозволат сатаната да ги земе под свое, туку веднаш да станат и најбрзо што можат да примат две дози ако сакаат да влезат во царството господово.

Коментари

hEZIbu45Ra57YTXzucZzcEulzZiYvYiZF4gg5eKs

нормално, дечките без право на избор би се вакцинирале со Фајзер made in Bulgaria… за р

hEZIbu45Ra57YTXzucZzcEulzZiYvYiZF4gg5eKs

За рокот на употреба ич уво да не ги боли, квалитетот го гарантираат Б,Борисов и нашиот лауреат ебец Зоки


Остави коментар