logo

# Сатира

Владата за протестите: МАТЕРИЈАЛИЗМОТ Е БОЛЕСТ НА 21-от ВЕК!!!

насловна слика

Се интензивираат протестите во главниот град што мора да значи само едно нешто - доаѓа пролет во Македонија!


Економската криза си го стори своето, па се повеќе организации излегуваат на улица. Големиот број на протести беше причина за владата на СДСМ да упати отворено писмо до сите што протестираат, а во него владее негативно мислење за истите.

 

"Срамота. Во 2022 година се уште има луѓе што мислат дека среќата доаѓа од парите или стабилноста. Не! Среќата доаѓа од љубовта. Од поврзаноста со земјата. Од ширење на позитивна енергија. Ни се гади кога гледаме голем број на материјалисти во земјата. Материјализмот е чумата на 21-от век! Престанете да гледате се од призмата на парите и пробајте малце да дознете што е вистинска среќа. Вистинско задоволство. Нека ви се отворат чакрите. Средете се, престанете да молите за пари. Парите се отепувачка, а не среќа! Стоп за материјализмот!" - се вели во отвореното писмо.

 

Екипата на Кооперација 100% стои зад овој став на СДСМ!

Коментари


Остави коментар