logo

# Сатира

Владата: Химната е депресивна, фали малце рима, забава и ритам!

насловна слика

Во отсуство на интересни теми за разговор, денеска Владата реши да излезе со став за химната.

 

Ова е малку чудно, бидејќи Владата не е човек за да има став, но сепак, кои сме ние да бараме дупки во реалноста.

 

Имено, Владата изјави дека химната на земјава е поприлично депресивна, фали ритам, рима и некаква подобра музика со цел да може сите да играат додека ја слушаат.

 

"Што е ова бе? Ебате песната ебате, депресивна е подеднакво како и македонските песни на Евровизија. Смрт, болка, револуции... па после таму нешто за сонце, за раѓање, за будење за револуции збори? Ма ајде, ебате химната, ептен е депресивно за слушање. Фали нешто модерно, техно, нешто, метал, ова-она, сфаќаш? Барем рима да има. Кој ја пишал химната? Раѓа го римува со Слободата??? Зошто да не биде... шо знам,"Денес на Македонија се раѓа, а после пар чашки - на скали ќе се паѓа. Ајде сега сите рака горе џингрлака џикица, џингрлака џикица". А бе...да има нешто, забава, рима, интересно нешто ме сфаќаш?" - изјави Владата во интервју со нашиот сајт.

 

 

Коментари


Остави коментар