Не се грижете! Можеби цената на бензинот расте од недела во недела, но тоа не значи дека нема начини како да го зезнете системот!
Владата денеска се обрати кон сите загрижени граѓани и пренесе порака на надеж. Станува збор за совет кој ќе им помогне на граѓаните максимално да го искористат бензинот и притоа нивниот паричник да не биде претерано олеснет поради новите цени.
"Користете вода. Мешајте го бензинот во вода. Пола резервоар бензин - пола резервоар вода. Ја така правам со шампон. И помага. Би требало да помогне и со бензинов. Слушајте што ви зборам, многу поевтино ќе ве фати така. Пробајте!" - гласеше советник на еден владин преставник.