logo

# Сатира

ВЛАДАТА СООПШТИ: Автопатот Охрид-Кичево е готов, само не се гледа од маглата

насловна слика

"Инфраструктурното чудо, во јавноста познато како автопат Охрид-Кичево, после децении посветена и напорна работа, конечно е завршено и граѓаните ќе можат да уживаат во неговата убавина веднаш штом ќе се крене маглата." - соопшти денес министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, обраќајќи се до јавноста од платото пред Владата.

 

Покрај Бочварски, судејќи по гласот, на јавноста најверојатно ѝ се обрати и премиерот Ковачевски, кој им се заблагодари на граѓаните за трпението при изградбата на овој огромен потфат и ги повика сите да се стрпат уште неколку години, со цел маглата целосно да се расчисти за возењето на автопатот да биде 100% безбедно.

 

Традиционално, автопатот беше пуштен во употреба со трубачки оркестар и сплет на чочеци изиграни од десетици вработени во администрација, но поради лошата видливост граѓаните ќе немаат можност да уживаат во богатата културно-уметничка програма.

Коментари


Остави коментар