logo

# Сатира

Владата со овошје ќе ги штити граѓаните од загадениот воздух

насловна слика
Препораките на докторите кои велат почесто да се консумира овошје за да се намалат ефектите од загадувањето, Владата реши да ги спроведе на дело, па набави цреши, лубеници, лимони, сливи итн, во вредност од 6,5 милиони евра.  Овошјето ќе им биде на лагер на граѓаните 24/7, дури и во неработните денови, а ќе се чува во специјализирани климатизирани клубови кои ќе имаат чист воздух и слободен влез, со цел што поголем број граѓани да бидат спасени за пократко време.  Ова не е прв пат власта на овој начин да му се спротивстави на загадувањето, па така пред само неколку месеци таа му дозволи на еден голем филантроп, г-нот Сашо Мијалков, да отвори 25 овоштарници кои денес спасуваат животи.

Коментари


Остави коментар