Одлични вести!
Владата се пофали дека ниту еден млад граѓанин ја нема напуштено Република Македонија во последниве неколку години, а тој успех не се должи само на пандемијата!
"Гордо може да кажеме дека во последниве неколку години ниту еден граѓанин ја нема напуштено Република Македонија! Кога бевме опозиција рековме дека ако дојдеме на власт ќе го спречиме иселувањето на младите од Република Македонија. И еве, остваривме! Тоа секоја статистика во светот ќе ви го каже. Не се само празни зборови. Остваруваме!" - изјави еден млад дечко од СДСМ на прес на Владата кој потоа продлжи - "Од друга страна пак... многу млади се селат од Северна Македонија. Ама ние во предизборната кампања зборевме за Македонија. Ова Северна... не сме го чепнале. Здравје, у иднина, ќе видиме, да не брзaме..."