Е ова ако не помогне во борбата со КОВИД-19, навистина не знаеме што друго ќе помогне!
Имено, Владата штотуку изгласа деак само вакцинирани луѓе ќе смеат да се бунат за тоа дека терористи добиваат државјанство!
"Со одлука на Владата, решаваме дека само луѓе што се вакцинирани два пати, имаат негативен ПЦР тест, имаат светло-жолта прва мокрача, немаат притисок повисок од 120 со 80, имаат крвни резултати што не забегуваат премногу од просекот, имаат здрава тврда столица, јадат три пати на ден и минимум пет пати неделно пијат Витамин Ц, Витамин Б6 и Магензиум... ам... што ми беше муабетот? А да! Само овие луѓе што ќе ги исполнат сите овие услови плус ќе прикажат извод од матична книга на родени, три платени сметки... но не и за радиодифузна такса дека ја укинавме хаха ако ви текнува... Него, да се вратам на муабетот. Само луѓе што ќе покажат се ова... ќе имаат право да се бунат за тоа што даваме државјанство на терористи. Ова е сериозна работа, што си мислите вие? Туку така, без се ова што погоре споменав ќе можете да се буните??? Па што е ова бе.... државјанство па да ви го дадеме туку така? Хех... Ајде, тоа беше се за овој прес на Владата. Се гледаме друг пат." - изјави член на Владата на прес за медиумите.