Борбата за подобар свет никогаш не запира! Зелената и еко-свесна влада на нашата земја воведе нова генијална мерка која треба да помогне во борбата со климатските промени и загадувањето низ светот!
Имено, од владата велат дека секој граѓанин ќе треба да си носи фискална сметка со себе, а секој маркет што ќе нуди фискални сметки ќе биде казнет со илјадници евра!
"Пробавме да ги мотивираме луѓево да скенираат фискални. Ама после ни текна... ФИСКАЛНИТЕ СМЕТКИ СЕ ФРЛААТ У ЃУБРЕ! Го загадуваат општеството. Дали се од биоразградлив материјал фискалните? Можда се уствари, од кај да знам, не сум приметил. Ама битно... секој човек добива сметка. Илјадници сметки постојат туку така. За џабе. После тоа одма идат во ѓубре. Дел од нив не се ни скенирани. Хаос! Затоа, екологијата пред се, бе брат! Секој ќе си носи од дома кеса и фискална сметка. Да не се загадува општеството. Планираме до крајот на оваа декада да воведеме уште неколку еко-пријателски мерки каде што граѓаните ќе си носат касиерки од дома. Чекор по чекор. Битно е да се учат луѓето на здрави навики! За една хартија многу дрвја се сечат. Затоа ја не ни читам книги да ти кажам право. Ептен сум еко-свесен. Класната ме викаше неписмен, ама тоа дека зборот "еко-свесен" не постоеше у нејзино време. Тоа е." - изјави преставник на владата во интервју со еден од нашите новинари.