Владата на Нашата Земја продолжува во битката против се што е лошо во земјава!
Откако се повеќе се собраа луѓе кои користат хумор и сатира за да се исмејуваат со лошите работи во државава, Владата најави дека ќе започне иницијатива за забрана на хуморот и сатирата, а секој што ќе биде фатен како нелегално се занимава со хумор или сатира ќе биде казнет со неколкугодишна казна затвор.
"Што е ова бе? Многу паметни вие бе? Шегобијци, а? Ја биете шегата, а? Као демек смешни сте, а? Демек интересни нешто, а? Види мајката... А бе седнете таму работете! Шо работа е тоа комичар? Сатирист? Ма не ме зафркавај! У школо си одел за тоа? Срамота! Седни работи таму!" - му кажа еден член на владата на еден од нашите новинари, по што тој се упати кон друг член на владата за да дојде до одговор.
"Да, вистина е дека сакаме да го криминализираме хуморот, а воедно и сатирата. Мислам дека нема потреба за хумор или сатира во време кога нашата партија е на власт. Да беше другата партија на власт, ок, добро, може. Ама вака, кога ние сме на власт... чуму хумор? Чуму сатира? Не е смешно бе брат. Не е смешно. Ај да беше смешно... ок. Ама не е смешно. Тоа е. Мора казна затвор за вакви паметњаковичи."
Стапивме и во контакт со трет член на Владата, а тој ни кажа дека не е сигурен кога ќе стапи на сила ваков закон, па затоа ги охрабрува граѓаните во меѓувреме самостојно да се борат против секој обид за хумор и што е можно повеќе да пишуваат "Ne sfakam" или "ne e smesno", со цел да се победи чумата на овој век.