logo

# Сатира

Владата пресече: Попис откако ќе се најде лек за коронавирусот

насловна слика

Техничката влада, составена од сите поголеми политички партии, на денешната техничка седница донесе одлука пописот да биде одложен на неодредено време, поточно додека не биде најден лек за опасниот вирус кој се' уште зема жртви.

Имено, според теренското истражување спроведено од технички владини експерти, не се мали шансите коронавирусот да се рашири и во земјава, што значително ќе ја олесни работата при изведувањето на пописот на населението.

На овој начин ќе се заштеди на непотребни трошоци кои ќе се направат во случај да се избрза со пописот пред да му се даде шанса на коронавирусот, што пак ќе доведе до тоа голем број граѓани да бидат попишани без потреба.

Коментари


Остави коментар