logo

# Сатира

ВЛАДАТА ПОТВРДИ: Ќе учиме дека Александар е наш, а воедно се враќа и знамето!!!

насловна слика

Нов ден - нов потег што носи добрососедство!


Владата на Република Македонија едноставно не запира со генијални потези што ќе го донесат светот на чекор од мир!

 

Откако беше објавено дека во Бугарија ќе се учи дека Самоил, Кирил и Методиј & Климент и Наум се Бугари што се дел од историјата на Република Бугарија, нашата влада објави дека во нашите учебници ќе се учи дека Александар е дел од историјата на Република Македонија.

 

"Не гледам ништо контроверзно во тоа Бугарија да учи дека Кирил и Методиј се нивни. Тоа се сесловенски просветители. На сите словени. Тоа што тие направиле треба да се слави од страна на сите словени. Тие не се мои, твои, на Ѓоко или на Славица. Тие се на сите нас. Нивните плодови ги користиме сите. Затоа, нема потреба само ние да ги славиме Кирил и Методиј или пак Климент и Наум. Тие припаѓаат на светот. Кога си добар, вреди секој да те слави. Исто како и  Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански, Горитемакедонскишумнопеат и другите херои. Тие се херои на сите. А не само на еден." - кажа преставник на Владата и продолжи:

 

"Воедно. Сакам да кажам дека се враќа името. Името Македонија не припаѓа само на една земја. Исто како и Кирил и Методиј што не припаѓаат само на една земја, нели, многу логично. Освен тоа, го враќаме и знамето! Тоа не е симбол само на една земја, исто како што и Климент и Наум што не припаѓаат само на една земја. Не запираме тука. Исто како што Кирил и Методиј со својата работа допреле милиони луѓе, така и Александар со своето владеење допрел премногу луѓе. Затоа, Александар е наш! И на Грција! И на Персија! Кирил и Методиј треба да го слават сите, а не само една држава. Александар треба да го слават сите, а не само Грците.  Затоа, официјално, споменикот "Воин на коњ" ќе се преименува во "Александар на коњ". НО НЕ ЗАПИРАМЕ ТУКА! Стадионот "Тодор Проески" ќе се преименува во "Филип II", бидејќи нели, Филип, исто како и Самоил, е цар на сите, а не само на една држава. Продолжуваме со одлични добрососедски потези!"

 

Се уште не е 100% официјализирано, ама освен заедничкото славење на Кирил и Методиј, дознаваме дека Македонија и Србија заедно ќе го слават и Никола Тесла бидејќи "Тоа што го направил Никола Тесла е ќар на сите. Никола Тесла и неговите изуми припаѓаат на светот, а не само на Србија, исто како што Кирил и Методиј припаѓаат на сите, а не само на една земја."

 

Стапивме во контакт со премиерот Ковачевски, а тој ни го потврди ова и воедно не извести дека во моментов се преговара со Емануел Макрон за и официјално Наполеон Бонапарта да влезе во учебниците по предметот "Историјата на Мила Царовска", бидејќи Наполеон Бонапарта не припаѓа само на една земја, туку тој е граѓанин на светот, а според инсајдерски информации, откако ќе се склучи договорот за добрососедство со Франција плоштадот "Скендербег" ќе се преименува во плоштад со име 'Наполеон", бидејќи Скендербег припаѓа на Албанија, нема потреба да крадеме туѓа историја, до кога бе ќе се китиш со туѓи перја бе македонче, ах бе македонче.... путуј европо, тоа е....

Коментари


Остави коментар