logo

# Сатира

ВЛАДАТА: Парите се само концепт, вистинското богатство е љубовта!

насловна слика

Во најновото соопштение на Владата, се говори за се поголемиот број на сиромашни граѓани и луѓе кои ја изгубија својата работа во последната година поради КОВИД-пандемијата.

 

Во него се испраќаат убави, позитивни и оптимистични пораки кои влеваат убавина во нашите секојдневни животи.

 

Подолу следи соопштението:

 

"Почитувани граѓани, граѓанки и останати жители.

 

Ги слушаме вашите проблеми. Сакаме да помогнеме на што е можно повеќе граѓани, ама сфатете, не праќавте доволно антивладини твитови пред 10 години. Заврзани ни се рацете и не можеме да помогнеме на сите граѓани, граѓанки и останати жители.

 

Но, тоа што може да кажеме е дека парите се само концепт. Плата е фиктивна работа. Богатство? Измишљотина, исто како чесност, искреност, име на држава, избори или демократија. Измислено нешто. Можете да го покажете? Мислите дека навистина постои? Не. Пред илјадници години не ни имало нешто такво.

Вистинското богатство е во љубовта.

 

Затоа, не прашувајте како Владата може да ви ја зголеми платата.

 

Прашајте се себе си, како можете повеќе да ја љубите Владата.

 

Бидејќи љубовта е она вистинското. Љубовта останува со нас засекогаш.

Затоа љубете и бидете љубени.

А до тогаш... слатки сништа во посакува,

 

Вашата Влада. xoxo"

Коментари


Остави коментар