Добри вести за сите што протестираа против бегалците од Сирија! (поради тоа што претпоставуваме дека се исто така и против бегалци од Украина)
Владата одби да прими група на Украински бегалци откако беше откриено дека тие имаат ја примено "Модерна" вакцината односно таканаречената "Руска вакцина"
Ова е дел од санкциите за забрана на Руската култура во земјава, а премиерот вели дека Украинците требало порано да мислат каква вакцина примаат.
"Имале избор. Кинеска, Американска, Британска и каква ли уште не! Зошто се решиле за Руска? Сигурно се русофили, а ние не сакаме да имаме про-Путин луѓе во земјата поради тоа што се грижиме за Украина и Украинскиот народ и сакаме да казниме се што доаѓа од Русија. Затоа, нема да ги примиме бегалците од Украина поради тоа што тие во нив имаат Руска вакцина. Сметаме дека е фер." - изјави Ковачевски.
ЕУ веднаш ги поддржа овие мерки и вели дека ако одбиеме уште стотици Украинци со Модерна во нив ќе бидеме чекор поблиску до добивање на датум за започнување на преговорите за добивање на датум за започнување на преговорите за влез во Унијата.