logo

# Сатира

ВЛАДАТА НАЈАВУВА КАЗНА ЗАТВОР АКО СТИСНЕТЕ "HAHA" РЕАКЦИЈА НА НИВНИТЕ ФБ ПОСТОВИ!

насловна слика

Срамота беше ваква мерка да не постои во 2022 година! Психичкото здравје на вработените во Владата на РНЗ мораше да биде ставено на пиедестал,  а екипата на Кооперација целосно стои зад најавената мерка!

 

Имено, Владата најавува казна затвор за секој човек што ќе стисне "haha" реакција на фејсбук постовите на Владата на РНЗ.

 

"Психичкото здравје пред се. Работам 3 часови секој ден, доаѓам во ресторан изморен од работа, нарачувам храна, ја ставам на сметка на владата и онака случајно викам "Ај да видам што се случува на фејсбук" и... Што да видам!??! Педестина идиоти ми стиснале "haah" реакција на постот во кој се вели дека 254% поскапување на струјата е за нивно добро. Па знаете ли колку повредува тоа??? Исто е како некој да ми се заканил, да ми мавнал бокс или како да ме нападнал со нож. Опасно е. Мора да знаеме дека зборовите и фејсбук реакциите некогаш болат повеќе од боксови. Мора граѓаните да се реформираат и да научат дека психичкото здравје е битно. Затоа, казна затвор за секој што ќе стисне "haha" реакција. Они мене ќе ми се смеат? Па немаат муда тоа у живо да го направат, затоа вака ме напаѓаат онлајн само!!! Повредува. Навистина повредува." - низ солзи кажа еден вработен во гореспоменатата влада.

Коментари

yMuirLCJjRMLdF1Cr4XMNxjntZRu0Vm6rjhL2CWu

Hahaha


Остави коментар