Нова мерка на Владата!
Како што дознава Кооперација, нашата влада сериозно размислува да го казни секој граѓанин кој ќе користи сарказам на социјалните мрежи.
Тие велат дека љубовта ќе победи, а сарказмот не е љубов и како таков шири сериозни стереотипи, омраза и негативна енергија.
"Што има бе да се праиш паметен??? Сарказам а? Као демек не знаеме што навистина мислиш??? Читам таму пред некој ден некој пишал "Bravo vladata e super odlicno rabotite!", како демек ја не знам што се дешава? Па јас работам во владата бе! Јас знам дека све е срање и дека врска немаме! Одма ти го откривам сарказмот! Затоа, да спречиме вакви паметњаковичи! Мора да има казна за луѓе што користат сарказам!" - изјави еден анонимен член на Владата.
Екипата на Кооперација не е сигурна како се чувствува за оваа информација.