logo

# Сатира

Владата ќе казнува ако не се дружите со членови на партија!

насловна слика

Нови одлични промени во земјава!

 

Владата денеска донесе закон со кој ќе се казни секој човек што нема да се дружи со член на партија, а овој закон би требало да ги прекине поделбите и предрасудите!

 

"Предрасуди! До кога?!?!? Срамота е да немате во вашето друштво ниту еден член на партија. Па секој втор човек има членска од партија, срамота е да не се дружите со член на партија. Ако имате предрасуди спрема човек што е член на партија, претпостсавуваме дека имате предрасуди и кон други луѓе. А веќе си постојат закони за таа тема. Затоа... пазете се. Стоп на пресрасудите! Извадете членска книшка и дружете се со луѓе од партиите!" - изјави еден од луѓето што се борат против предрасудите во земјава.

 

 

Коментари


Остави коментар