Конечно, се доближуваме до здраво општество!
Можеби Кина, Индија, САД, Русија и уште неколку големи земји се задолжени за 99% од еколошкиот тероризам, но сепак, тоа не треба да ја спречи нашата земја да се стреми да биде како Кина, Индија, САД или Русија - земји што се многу подобри од нас во секој аспект.
Имено, нашата влада најави дека ќе праќа полиција во секој дом за да види дали имате направено пластична хирургија.
"Борба против пластиката мора да има! Знаете ли колку сме сериозни во борбата против пластиката? Не? Е па сега ќе дознаете! Од први јануари ќе праќаме луѓе во вашиот дом да проверат дали имате направено пластична хирургија. А ако одбиете да отворите врата, се знае. Петстотини евра казна. Исто како и за пописот. Чекор по чекор ќе го оправиме светот! Градиме здрави навики!" - изјави претставник на владата.