Конечно! Добри вести за сите што се' уште се немаат вакцинирано!
Имено, владата потврди дека исто како и за изборите - еден човек може да се вакцинира за цела фамилија!
"Секако дека може. Тоа се луѓе што помогнаа да дојдеме на власт. Секако дека нема да вршиме дискриминација. Ако во болница отидете со лични карти од целата ваша фамилија тогаш многу едноставно ќе можете да се вакцинирате за целата фамилија. Остваруваме и помагаме на сите што ни помогнаа! Ова ќе помогне во борбата со вирусот!" - се вели во соопштението на Владата.
"Ова е одличен проект, баш ме радува што вакцинацијата, исто како и гласањето е едноставен процес без никакви проблеми за мене или мојата фамилија. Дома имам фамилија, дел се дебели, дел се болни, дел се мрзливи, едноставно тешко е да излезат од дома. Затоа јас одам, зимам по пар дози во рамо за цела фамилија... и готово! Решен проблем! И благодарам на Владата што ми го овозможи ова искуство!" - изјави А.Б. еден од првите што ја искористи оваа шанса за фамилијарна вакцинација.