Добри вести за сите професори по историја!
Откако се поизвесно е дека предметот историја е нешто што го оставаме зад нас (многу логично, да требаше да биде пред нас ќе се викаше иднина!) и дека истиот ќе биде заменет со предметот "Нешто како историја, ама па уствари кои сме ние да кажуваме што се случувало во историјата, можеби Исус бил од Бугарија, од кај знаеш ти дека не бил? Башка мене Мила Царовска ни кажа дека у Норвешка не се замараат со историја така да...глеј си таму пред тебе, не се замарај ептен, нема што да мислиш ти ептен, други нека мислат за тебе" (или скратено "Историја2") , Владата на РНЗ најави бесплатен курс за сите професори со цел тие да не останат без работа!
Имено, владат ќе понуди бесплатен курс за станување на полицаец!
На курсот ќе се учи како да се тепа, како да се пцуе, како да се плука, како да се јаде сончоглед и останати работи кои ќе им ја олеснат работата.
"Владата не сака да остави никого без работа. Да, овие професориве по историја се заостанати, ама тоа не значи дека треба да останат невработени. Ќе ги замениме со нешто што секогаш е потребно во земјава, а тоа е полиција. Сметаме дека професорите по историја добро ќе се снајдат во нивната нова професија, а особено сметаме дека сите ќе бидат презадоволни од овој проект. Професорите ќе имаат ново знаење во својот живот, ќе има повеќе мир во земјава поради зголемениот број на полицајци, а воедно и сметаме дека ќе се намали руското влијание во земјава, бидејќи нели, сите знаеме дека ако сакаш да учиш историја тогаш многу веројатно сметаш дека Гоце Делчев не се борел за Бугарија, што автоматски те прави анти-ЕУ, а ако си анти-ЕУ многу логично е дека си про-Русија. Ти текиња?" - изјави Оливер Спасовски за нашиот сајт.
Браво, никогаш доста полиција! Никогаш доста заборавање на историјата! Никогаш доста про-ЕУ потези!