Ветено - исполнето!
Владата ќе го продаде Мерцедесот на екс-премиерот Никола Груевски!
Неколку години откако Груевски беше осуден за гореспоменатото возило, сега истото ќе биде продадено, а парите од продажбата ќе оди за помош на гладни деца.
"Да, вистина е. Конечно, ќе го продадеме Мерцедесот на Груевски. Доста го користевме, време е да се продаде. Очекуваме да го продадеме за неколку илјади евра, а парите ќе ги потрошиме на две кила кашкавал, чисто да мезиме додека збориме со колегите од владата. Е сега, криза е, па очекуваме само 2-3 кила да може да земеме, ама како што рекле старите, подобро да јадеш скап кашкавал отколку евтино сирење." - изјави преставник на владата за нашиот сајт.
Ние немаме чуено за последнава поговорка, ама ќе веруваме на преставникот на владата, до сега не сме биле излажани од преставник на владата, не веруваме дека ова ќе биде прв пат.