logo

# Сатира

Владата го праќа Фрчковски да ги смирува Вил Смит и Крис Рок!

насловна слика

Владата секогаш сака да решава проблеми.

 

Без разлика дали тој проблем е името на државата, националноста на Гоце Делчев, химната на државата, уставот на државата и за тоа дали е сосема ок да се побара од граѓаните да имаат анален секс со премиерот еднаш годишно ако тоа значи добивање на уште посериозна волја за влез во ЕУ.


Овој пат, тие се решија да го решат проблемот помеѓу Вил Смит и Крис Рок.


Бидејќи Бучковски и Георгиевски се зафатени со преговорите во Бугарија наместо да бидат во затвор, Владата реши да испрати експерт за да ги смири Смит и Рок.

 

Љубомир Фрчковски, експерт за смирување, шлаканици и смирувачки шлаканици ќе биде медијатор помеѓу Крис и Вил, а од владата се вели дека се оптимисти за неговите шанси за смирување.

 

"Мислам дека ќе ги смири. Му реков да предложи промена на името на Вил Смит. Смит. Smith. Тоа значи ковач на англиски. Ковач. Ковачевски. Имаме ние такво презиме. Како тоа двајца во ист свет со слично презиме? Нека го смени. Му реков таму да ги рашлапа и двајцата ако не се сложат. Ќе видиме што ќе биде." - изјави анонимен член на владата за нашиот сајт.

 

Се надеваме дека Фрчковски ќе се покаже како успешен медијатор!

Коментари


Остави коментар