logo

# Сатира

Владата го праќа црешовото топче во Украина!

насловна слика

Помошта на нашата земја за Украина не запира!

 

Во време кога сите знаеме дека е лошо кога странска држава ги мрази твоите граѓани, смета дека твојата земја не постои, смета дека јазикот на твојата земја не постои и едноставно сака да има целосна контрола врз уставот на земјата* едноставно е премногу логично дека ќе сакаме да помогнеме на Украина во борбата против Русија!

 

Откако сите хеликоптери, тенкови, оружја и чорапи донирани од НАТО ги дониравме изминатава година, нашата армија остана со ништо друго за донирање освен црешовото топче!

 

Затоа, ова утро беше пратено црешовото топче, како донација на нашата, за армијата на Украина.

 

"Црешовото топче е наш симбол на победата. Тоа е ден, кога група на Бугари се собрале да се борат против Османлиите, а се со цел Северна Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Ова оружје им помогнало на Бугарите да издвојуваат победа, а затоа веруваме дека истото ќе им помогне и на храбрите Украинци во борбата против Русија!" - изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

 

Да се надеваме дека ќе помогне.

 

EDIT: Се извинуваме. Две минути после објавувањето на оваа вест добивме порака од виден член на владејачката коалиција во која се вели "A BE KOPILJ EDEN NE SE PRAI PAMETEN ZNAM  KAJ ZIVEES, TI NAJDE DA ZBORIS DEKA MESANJE NA EDNA ZEMJA VO DRUGA ZEMJA E LOSO??? NEKAD E DOBRO, PRESTANI DA JADES GOMNA KE TI GI SKRSAM KOSKITE, NEKAD  E OK DRUGA ZEMJA DA TI SE MESA, NE SE PRAI PAMETEN', па затоа моравме да ставиме една ѕвездичка (*) на тој дел како знак дека можеби и не знаеме сите дали е тоа добро или не, сегашната ситуација ќе се реши во иднината, можеби правнукот на Владо Бучковски со правнукот на Владимир Путин ќе решат дека ова било добро. Од кај да знаеме.

 

 

Коментари


Остави коментар