Мораше некоја земја членка на НАТО да ја смири ситуацијата, а на наше големо задоволство таа земја е толку Нашата.
Владата на Нашата утрово изгласа да ги прати господата Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски во Украина за да ја смират ситуацијата и да преговараат со преставници на владата на Украина.
Премиерот Ковачевски изјави дека искуството на Љубчо и Бучковски во преговарање и смирување на ситуацијата меѓу две соседни земји ќе биде клучна и верува дека овие двајца ќе и објаснат на Украина дека некогаш немаш друг избор освен да им дозволиш на твоите соседни земји да прават што сакаат во твојата држава.
"Возбуден сум. Овие од Украина некако ми делуваат заостанати во споредба со политиките на Нашата, но сепак верувам дека после долги разговори ќе стигнеме до заеднички јазик." - изјави Љубчо Георгиевски, а со сличен став беше и господинот Владо Бучковски кој кажа: "Имав супер разговор со Захариева. Се надевам дека има Захариева и во Украина."