logo

# Сатира

Владата ги испраќа најдобрите работници од автопатот Охрид-Кичево да го поправат Кримскиот мост

насловна слика

Рушењето на Кримскиот мост, кое уште повеќе ги разгоре страстите помеѓу Украина и Русија, неочекувано стана искра надеж за мирна разрешница на војната благодарение најмногу на креативноста и досетливоста на министрите во Владата на Нашата Земја.

 

Се работи за проектот „Градиме мостови“, одобрен и осмислен во соработка со меѓународната заедница, со кој се предвидува 20те најистакнати работници на автопатот Охрид - Кичево да го обноват мостот на Крим и покрај тоа што е на, за нас, непријателска територија, во надеж дека со тоа ќе ги поттикнат Русите и Украинците да градат мостови, а не да ги рушат.

 

- Нека остане меѓу нас, ама идејата е да повикаме на прекин на огнот додека трае поправката и да ги оставиме работниците да си ја работат својата работа. Гарантираме дека кога мостот ќе биде готов, никој нема да се сеќава дека имало војна. - ни шепнаа од Владата.

 

Веднаш после оваа изјава Владата демантираше дека изјавила вакво нешто и уште еднаш потврди дека целта на овој проект е да ги награди најдобрите работници и да го инспирира светот да гради мостови.

Коментари


Остави коментар