logo

# Сатира

Владат со совет: Штедете за бензин, возете се со такси!

насловна слика

Ништо не е тешко кога се има позитивен став!

 

Владата денеска им препорача на сиромашните граѓани да намалат со трошење пари за бензин, како мерка за справување со зголемените цени.


Пратениците едногласно решија дека најдобра алтернатива за високите цени на  бензинот е... не-трошење на пари за бензин, туку за нешто друго - како на пример такси!

 

"Цените се исти за сите нас. Еве, јас не сакам да купам бензин по поскапи цени па затоа секој ден се возам со такси. Ако можам јас со мизерни 70 илјади денари плата... зошто да не може и некој си таму вработен во текстилно што сигурно има и повеќе пари од мене, шо знам..." - изјави Артан Груби.

 

 

Коментари


Остави коментар